Џонсон: Британија и понатаму ќе има пристап до единствениот пазар во ЕУ

27.06.2016 10:43

Во редовна колумна во Дејли Телеграф, тој наведува дека сега Британија може подобро да изгради односи со ЕУ врз база на слободна трговија и партнерство, отколку на федерален систем и дека државата ќе може да склучи договори за слободна економија со држави во развој надвор од ЕУ.

Велика Британија и понатаму ќе има пристап до единствениот пазар во ЕУ, и покрај тоа што гласаше да излезе од Унијата, смета лидерот на кампањата Брегзит, и фаворит за следен премиер Борис Џонсон.

Во редовна колумна во Дејли Телеграф, тој наведува дека сега Британија може подобро да изгради односи со ЕУ врз база на слободна трговија и партнерство, отколку на федерален систем и дека државата ќе може да склучи договори за слободна економија со држави во развој надвор од ЕУ.

Џонсон вели дека шефот на Банката на Англија, Марк Карни кој беше напаѓан пред референдумот од приврзаниците на Брегзит, треба да остане на функцијата.