За две години од Грција во ЕУ ќе бидат преместени 35.000 бегалци

27.06.2016 11:00

Програмата важи за оние кои влегле во земјата од 1 јануари 2015 до 19 март годинава, кои ќе почнат процес за добивање на азил во Грција и ќе имаат пристап до шемата на ЕУ за преместување.

Според грчки „Катимерини“, 35.000 бегалци ќе бидат преселени од Грција во други европски земји во наредниве две години.

Програмата важи за оние кои влегле во земјата од 1 јануари 2015 до 19 март годинава, кои ќе почнат процес за добивање на азил во Грција и ќе имаат пристап до шемата на ЕУ за преместување.

Поединците кои ќе ја заобиколат постапката, ќе се сметаат за илегалци и ќе бидат депортирани.

До крајот на јули треба да заврши т.н. процес за претходна регистрација. Во камповите во континенталниот дел на Грција има 49.000 мигранти.