Израел и Турција потпишаа договор за нормализирање на односите
27.06.2016 11:18
Некогашните сојузници Турција и Израел ги влошија односите кога израелски специјалци убија 10 турски активисти од хуманитарен брод кој се обиде да пробие израелска блокада во Појасот Газа.

Израел и Турција потпишаа договор за нормализирање на односите по шестгодишниот прекин.
Некогашните сојузници Турција и Израел ги влошија односите кога израелски специјалци убија 10 турски активисти од хуманитарен брод кој се обиде да пробие израелска блокада во Појасот Газа.
Од израелската делегација соопштиле дека двете страни побарале исплата од 20 милиони долари на повредените и роднините на загинатите од бродот.
Меѓу главните услови за договорот е и решавањето на проблемот со водоснабдувањето во Газа.
