АХВ: Пристигна вакцината за превенција од јазлеста кожа кај говедата
27.06.2016 12:06
Дистрибуирањето на вакцината до надлежните ветеринарни друштва, ветеринарните амбуланти и матичните ветеринари е во тек.

Агенцијата за храна и ветеринарство ја информира јавноста дека 250 илјади дози од вакцината за превенција од болеста јазлеста кожа кај говедата денеска пристигна во Република Македонија.
Дистрибуирањето на вакцината до надлежните ветеринарни друштва, ветеринарните амбуланти и матичните ветеринари е во тек.
Според веќе изготвениот акциски план за превентивна вакцинација, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе започне со превентивното вакцинирање на сите говеда на територијата на цела Македонија за спречување на ширење на болеста јазлеста кожа.
