Кери во посета на Лондон и на Брисел
27.06.2016 12:08
Во Брисел ќе има средба со шефот на европската дипломатија, Федерика Могерини, а во Лондон со шефот на британската дипломатија Филип Хамонд.

Американскиот државен секретар Џон Кери е во посета на Лондон и на Брисел за да им даде поддршка на двете страни по изгласаниот референдум за излез на Обединетото Кралство од Европската Унија.
Во Брисел ќе има средба со шефот на европската дипломатија, Федерика Могерини, а во Лондон со шефот на британската дипломатија Филип Хамонд.
