Ќе се вештачи лифтот во кој загина шестгодишно момче во Куманово
По наредба на надлежен јавен обвинител, лифтот е целосно изолиран и обезбеден со полициско присуство. Во исто време, обвинителот издаде наредба за одземање на севкупната документација од фирмата задолжена за сервисирање...

Основното јавно обвинителство Куманово издаде наредба за вештачење на лифтот во кој вчера загина 6-годишно момче. Вештачењето ќе се врши на Машинскиот факултет во Скопје каде што ќе се утврдуваат причините за несреќата.
По наредба на надлежен јавен обвинител, лифтот е целосно изолиран и обезбеден со полициско присуство. Во исто време, обвинителот издаде наредба за одземање на севкупната документација од фирмата задолжена за сервисирање на лифтот, како и прибирање на друга неопходна документација потребна за расветлување на случајот.
Дополнително, уште во текот на вчерашниот ден била издадена наредба за обдукција на телото на починатото момче.
