Отворена оперативна канцеларија за помош на компаниите
Бизнис заедницата со став дека повеќе од месец дена постои застој во постапките за добивање одобренија, дозволи и документи кои се потребни за нивното редовно работење, велат од Комората.

Стопанската комора со апел министерствата и органите на управата со полн капацитет да ги исполнуваат своите обврски. Бизнис заедницата со став дека повеќе од месец дена постои застој во постапките за добивање одобренија, дозволи и документи кои се потребни за нивното редовно работење, велат од Комората.
Првото алармирање за ваквите состојби компаниите го искажаа во анкетното истражување што Стопанската комора на Македонија го спроведе во средината на април и во кое беа опфатени приближно илјада компании од различни сектори. Тогаш беше укажано од страна на компаниите дека одредени промени во институциите има ненавремено процесуирање на нивните барања, рече на прес-конференција Билјана Пеева – Ѓуриќ од Стопанската комора на Македонија.
Од денеска функционира и оперативна канцеларија за помош и поддршка на компаниите во спроведувањето на административните процедури.
