2.600 поплаки за лоши производи и услуги во 2015-та

27.06.2016 15:09

Во минатата година, 2.600 потрошувачи се пожалиле дека производот не е добар или пак, дека има нерегуларности со одредна комунална такса.

Безбедноста на производите на пазарот и законските прописи со кои се регулира електронското тргување и заштита на правата на потрошувачите- тема за дебата помеѓу Организација за заштита на потрошувачите на Македонија и ресорните инспекторати.

Во минатата година, 2.600 потрошувачи се пожалиле дека производот не е добар  или пак, дека има нерегуларности со одредна комунална такса.

Во доменот на безбедноста немаме толку голем број жалби поради тоа што дел од производите  веројатно се детектираат и на царинскиот увоз, што значи Царината има огромна улога кога влегуваат производите на нашиот пазар. За тоа придонесуваат и сите други надлежни инспекциски органи, односно контролата која се врши внатре и системот за брзо дојавување RAPEX на Државниот пазарен инспекторат и Агенцијата за храна со системот за брзо дојавување на проблеми со безбедноста на храната, изјави Маријана Лончар Велкова, претседател на ОПМ.

Според надлежните искуството покажува дека најнебезбедни на пазарот се играчките, облеката, а покрај регулативата има проблеми и при електронското купување.