Стопанската комора со мерки за актуелната економска ситуација
Бизнис- заедницата со став дека повеќе од месец постои застој во постапките за добивање одобренија, дозволи и документи кои се потребни во нивното редовно работење, велат од комората. Проблем во функционирањето на компаниите направил и штрајкот на Солунското пристаниште.
Стопанската комора со мерки за актуелната економска состојба. Апелираат институциите со полн капацитет да ги исполнуваат своите обврски. Бизнис- заедницата со став дека повеќе од месец постои застој во постапките за добивање одобренија, дозволи и документи кои се потребни во нивното редовно работење, велат од комората. Проблем во функционирањето на компаниите направил и штрајкот на Солунското пристаниште.
Од денеска во комората функционира и Оперативна канцеларија за помош на компаниите во спроведувањето на административните процедури.
За Стопанската комора е важно при ребалансот на буџетот да не се кратат средствата за капиталните проекти. Велат дека сите инфраструктурни проекти треба да се раеализираат според предвидената динамика.
Сунчица Николоска
