Два случаи на труења од храна изминатиот викенд
Во првиот, со сиптоми на повраќање и дијареа хоспитализирани се 20- тина деца на возраст од 7 до 14 год. Направен инспекциски увид, кујната во одморалиштето е затворена и забранета за користење.

Два случаи на можни труења од храна изминатиот викенд - едниот во детско одморалиште во Дојран, другиот во слаткарница во Драчево.
Во првиот, со сиптоми на повраќање и дијареа хоспитализирани се 20- тина деца на возраст од 7 до 14 год. Направен инспекциски увид, кујната во одморалиштето е затворена и забранета за користење. Константирани се повеќе недоследности, земени се брисеви и мостри од храна за понатамошна лабораториска анализа, наредени се мерки за дезинфекција и темелно чистење.
Во другиот случај, сопружници со симптоми како повраќање и дијареа се хоспитализирани по консумирање на слатки од локалната слаткарница во Драчево. И во овој случај, направен е увид и слаткарницата е затворена до обезбедување на потребните услови за подготвување и послужување храна.
Агенцијата за храна и ветеринарство апелира да се почитуваат препораките како да се ракува и консумира храната во летниот период.
