Ботола Шекспир фестивал: Преполни сали, задоволна публика
Преполни сали, задоволна публика од квалитетот на претставите- главна карактеристика по првата половина на 4-тиот интернационален „Битола Шекспир фестифал“. Со нетрпение се чека вечерашната претстава на ансамблот Од Санта Барбара со „Јулие Цезар“...

4-тиот интернационален „Битола Шекспир фестивал“, на половина од својот пат. Од досега прикажаното впечатокот е дека претставите ги полнат салите, а критиката на публиката е позитивна. Велат ова е вистинско летно културно освежување.
„Овој фествал и е потребен на Битола која е задоена со културната уметност, а посебно театарската“, вели еден битолчанец.
„Со зборови не се опишува посакувам секој да дојде и да ја почувствува атмосферата“, додаваедна битолчанка.
„Уште со Ромео и Јулиа живееме со Шекспир овие генерации ке ни понудат можеби нешто ново“, вели друга битолчанка.
Тоа е една од најважните работи што треба да му се случи на секој фестифал да го добие тој фид бек, токму од оние за кои производот е наменет- велат организторите на фестифалот- од годинава полноправна членка на Европската асоцијација на Шекспир фестивали. Горди се што се дел и од книгата на хрватскиот автор Мирко Илиќ во која се прикажани 1.100 постери од претстави од целиот свет.
„Во книгата на овој еминенетен автор добар истражуваш и познавач на шекспировите дела претставени сме со неколку постери од нашите претстави“, изјави уметничкиот директор на битолскиот театар Благој Мицевски.
Вечерва со пртставата „Јулие Цезар“, која на битолската сцена премиерно ја изведува театарската компанија Лит Мун од Калифорнија прдолжуваат театарските шекспир доживувања.
„Треба ли многу да се зборува за темата и делото кое сведочи за едно време од историјата. Задоволен сум што во Битола премиерно ќе ја одиграме“, вели режисерот Џон Блондел.
Гостите од Санта Барбара зедно со своите битолски колеги на четирите сцени ќе ја одиграат претставата создадена од сонетите на Шекспир- проект што се роди за време на минатогодишниот фестивал.
Стевче Митревски
