Кисела Вода доби современ Дом на култура

27.06.2016 17:00

Љубителите на театарските претстави и на филмот добија ново катче. Се простира на 900 квадратни метри, има сала со 169 седишта.

Готов мултифункционалниот дом на културата во Кисела Вода. Љубителите на театарските претстави и на филмот добија ново катче. Се простира на 900 квадратни метри, има сала со 169 седишта.

Инвестицијата чини 51 милион денари. Од култура велат дека во домот ќе може да се организираат и музички манифестации, камерни концерти, промоции.

На настанот присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Првата претстава во реконструираниот културен дом во Кисела Вода ќе ја одиграат актерите од Драмски театар. Ќе биде отворен на денот на општината.

Наташа Гркова- Петрушевска