Путин со критика до ЕУ поради испраќањето претставници во Украина!
29.01.2014 12:41
Рускиот претседател Владимир Путин од Брисел ја критикуваше ЕУ...

Рускиот претседател Владимир Путин од Брисел ја критикуваше ЕУ поради тоа што во Украина испрати висока делегација за време на антивладините протести, толкувајќи го потегот како политичко мешање. По завршувањето на самитот ЕУ- Русија во Брисел, Путин отворено го критикуваше пристапот на Унијата кон проблемот во Украина.
„Можам да замислам каква би била реакцијата на нашите европски партнери доколку среде кризата во Грција или во некоја друга земја, нашиот министер за надворешни работи одлучи да присуствува на антиевропски собир и да ги повика и граѓаните да се придружат. Повеќе посредници значат и повеќе проблеми, изјави Путин.
ЕУ испрати повеќе свои челници, вклучително и високата претставничка за надворешна политика Кетрин Ештон , на состаноци со власта и опозицијата во Украина. Путин смета дека Унијата има премногу мек став кон украинската опозиција, оценувајќи дека некои нејзини членови користат расистичка и ксенофобична аргументација за да добијат народна поддршка. Во меќувреме Еврокомесарот Филе го поздрави поништувањето на законите за ограничување на протести во Украина. Ја оцени како позитивна вчерашната одлука на украинскиот Парламент за поништување на спорните закони за ограничување на правото на протести.
Конфликтот меѓу Владата и опозицијата во Украина почна откако власта во ноември ги прекина подготовките за потпишување на договор на земјата за асоцијација со ЕУ.
Ситуацијата ескалираше со демонстрации за европска Украина, кои последните неколку недели станаа насилни и неколкумина демонстранти и полицајци ги изгубија животите.
Лидија Чакар
