Законите за полиција и за внатрешни работи пред пратениците
Во рамките на седницата, пратениците ќе ги разгледаат и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи, на Законот за пензиското и инвалидското осигурување и на Законот за здравственото осигурување, трите по скратена постапка.

Собранието на Република Македонија денеска ќе одржи продолжение на 107-та собраниска седница на чиј денвен ред е Предлог законот за изменување на Законот за полиција, по скратена постапка.
Во рамките на седницата, пратениците ќе ги разгледаат и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи, на Законот за пензиското и инвалидското осигурување и на Законот за здравственото осигурување, трите по скратена постапка.
На дневниот ред е и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка, поднесен од пратениците Владанка Авировиќ и Стојан Миланов.
