МНР: Нема информации за настрадани македонски државјани во нападот во Истанбул
Потенцираат дека се во постојана комуникација со Македонската амбасада во Анкара и со Конзулатот во Истанбул, а редовна комуникација имаат и со турските власти.

Засега нема информации за повредени македонски државјани во терористичкиот напад што се случи синоќа на аеродоромот „Атататурк“ во Истанбул, информираат од македонското Министерството за надворешни работи.
Потенцираат дека се во постојана комуникација со Македонската амбасада во Анкара и со Конзулатот во Истанбул, а редовна комуникација имаат и со турските власти.
Инаку, авионот што синоќа полета од Скопје за Истанбул со авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ бил пренасочен и слетал на аеродромот во Измир.
Денешниот претпладневен лет од Скопје за Истанбул со авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ е предвидено да се реализира со задоцнување, додека вечерниот лет беше откажан.
