Собрание: Ќе се разгледува завршната сметка на буџетот

29.06.2016 10:12

Според податоците, од планираните 166,8 милијарди денари, остварени се 161,2 милијарди.

Предлог завршната сметка на државниот буџет за 2015-та година ќе ја разгледува собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Според податоците, од планираните 166,8 милијарди денари, остварени се 161,2 милијарди. Остварениот дефицит изнесува 19,4 милијарди денари.