Субвенции за домашни раси добиток

28.06.2016 10:14

Сточарите кои одгледуваат домашни раси на добиток можат да поднесуваат барање за дополнителни субвенции. Покрај биволите и говедата од расата буша, финансиски се поддржуваат и овците од расата праменка и домашната балканска коза...

Лани со дополнителни 1.500 денари биле финансирани 200 глави говеда од расата Буша.

Со плус 500 денари и 2.150 овци од расата  праменка ,исто толкава зголемена субвенција имало и за 500-тини кози од расата балканска .

Минатата година за субвенционирање од 2.500 денари биле пријавени и 21 македонски автохтон Шарпланинец.

Сточарите кои ги одгледуваат овие раси треба да имаат  минимум 50 кози и овци и да бидат  членови на Призната организација на одгледувачи.

Субвенционирањето е поради задржување на овие автохтони раси кои се на прагот на исчезнување и за оддржување на стадото до воведувањето на агро-еколошките мерки од ИПАРД Програмата каде се предвидуваат повеќе поволности за заштита на биолошката разновидност и природата.

 

Методија Трајков