Ќе се гради дом за стари лица во Илинден

29.06.2016 10:25

Домот ќе го гради компанијата „Адора Инженеринг“, која на електронско јавно наддавање што го спроведе Општина Илинден стана сопственик на атрактивна локација ...

Во скопската населба Илинден денеска ќе биде поставен камен-темелник на нов дом за стари лица.

Домот ќе го гради компанијата „Адора Инженеринг“, која на електронско јавно наддавање што го спроведе Општина Илинден стана сопственик на атрактивна локација со комплетна инфраструктура, во централниот дел на општината, со површина од 10.000 метри квадратни.