Се реконструира големата сала во МОБ

28.06.2016 15:33

Во тек е реконструкцијата на големата сала во Македонската опера и балет. Целосно ќе се менуваат подот и седиштата, но и осветлувањето. Ќе се обновува и фоајето пред големата сала. Обновата треба да заврши до септември, пред почетокот на новата сезона. За проектот се издвоени 62 милиона денари...

Големата сала во Македонската опера и балет ќе добие комплетно нов лик. Се реконструира подот, се менуваат сите 730 седишта и осветлувањето. Ќе се поднови и фоајето, ќе се постават рампи за лицата со посебни потреби. Од буџетот на Министерството за култура се издвоени околу 62 милиони денари.

Надлежните велат дека во план е да се набави систем за превод и титлување на сите претстави кои ќе бидат поставени на седиштата. Освен македонски, ќе има превод на англиски, германски, албански јазик.

Предвидено е до крајот на септември да завршат сите активности, за институцијата да почне да работи од октомври.

 

Александра Спировска