Ракомет

„Ракометот е мојата иднина“

29.01.2014 12:51

Две македонски ракометни селекции , пионерската и кадетската...

Две македонски ракометни селекции , пионерската и кадетската , наредниве денови же настапат на турнирот „Ракометот е мојата иднина“ што ќе биде одржан во Бугојно-Босна и Херцеговина. Турнирот се одржува пшод покровителство на олимпискиот комитет на БиХ и на ракометната федерација на Катар која идната година ќе биде организатор на светското првенство во машка конкуренција.

Македонските кадети предводени од селекторот Александар Јовиќ ќе играат во група со своите врсници од Словачка ,Словенија и Катар, додека пионерите под водство на селекторот Никола Матлиески  од петок до недела ќе играат натпревари со селекциите на Словенија, Хрватска и Катар.

Да потсетиме, нашата кадетска селекција пред 15-тина дена низ квалификацискиот турнир во Умаг, обезбеди настап на европското првенство во Полска што ќе биде одржано во август  и турнирот во Бугојно ќе биде добредојден за нова квалитетна контрола и подготовка за значајниот настап.