Почна дводневниот самит на Европскиот Совет
Лидерите на Европската Унија денеска и утре за првпат заседаваат по референдумот на кој Британија се изјасни за излегување. Дејвид Камерон во брисел се среќава со неговите колеги од унијата. Шефот на Европската Комисија, Јункер со став- останувате пријатели, но мора да се изјасните поради избегнување на неизвесноста...

Прв пат по 43 години Британија ќе биде непоскауван гостин на масата на шефовите на државите и владите на Европската Унија. Сепак, британскиот премиер Дејвид Камерон нема да присуствува на утрешниот работен појадок на вториот ден од самитот. Инаку на самитот ќе се разговара за последиците од гласањето на Брегзит, со што во сенка паѓаат сите останатити предвиведни тоцки за дискусија, како што е миграциската криза, состојбата на Блискиот Исток, Сирија и Либија.
„За оние кои велат дека денес е многу тешко време за Европа, за сигурно, но јас би рекла дека тоа воглавно е тешко време за Велика Британија. Го видовме тоа и во Европскиот Парламент. Така што сметам дека тоа е опасно време за Велика Британија, за нејзината иднина и политичка стабилност. Она што треба да го гарантираме е дека оваа несигурност, овој хаос нема да се прошири на другите ЕУ земји- членки“, смета Федерика Могерини, висок претставник за надворешна и безбедносна политика.
А Европскиот Парламент на денесната вонредна седница ја усвои резолуцијата со која се повика Велика Британија што поскоро да почне со процесот за излез од Европската Унија, одкако британците на рефендумот мината недела се изјаснија за ова опција. Волјата на граѓаните мора во целост да се почитува, почнувајки со што побрзо активирање на членот 50 од Лисабонскиот договор.
„Мораме да ја почитуваме британската демократија и тоа како тие се изјаснија. Ова е последен пат од овде да аплаудирате... и малку сум изненаден што сте овде. Се борите за излез. Британците гласааа за излез. Зошто сте вие овде?“, праша претседателот на Европската Комисија, Жан- Клод Јункер.
За резолуцијата, која е необрвзувачки докмент гласаа вкупно 395 европратеници.
Марина Стојанова- Тонева, постојан допиник од Брисел за МРТ
