Камерон: ЕУ сака да има најтесни врски по Брегзит
Според актуелниот премиер, миграцијата предизвикува „голема загриженост“ кај британските гласачи, па одмерувањето на ова со барањето пристап до заедничкиот пазар на ЕУ ќе претставува голем предизвик.

Британскиот премиер на заминување, Дејвид Камерон, изјави дека по Брегзит, ЕУ сака да има „најтесни врски“ со Велика Британија. По разговорите што ги имаше во Брисел со другите 27 лидери на Унијата, Камерон рече дека „трговијата и безбедносната соработка ќе бидат витални“ без разлика какви ќе бидат врските на крајот.
Според актуелниот премиер, миграцијата предизвикува „голема загриженост“ кај британските гласачи, па одмерувањето на ова со барањето пристап до заедничкиот пазар на ЕУ ќе претставува голем предизвик.
Дејвид Камерон ги известил европските партнери дека преговорите за раздружувањето меѓу Лондон и Брисел ќе им ги префрли на идниот премиер и на новата британска влада.
