Корбин: Немам намера да поднесам оставка

29.06.2016 11:30

Во изјава за лондонските медиуми, тој ја отфрли целата постапка околу иницијативата за изгласување недоверба.

Лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин, изјави дека нема намера да поднесе оставка, и покрај изгласаната недоверба од поголемиот број негови пратеници.

Во изјава за лондонските медиуми, тој ја отфрли целата постапка околу иницијативата за изгласување недоверба.

„Гласањето нема никаква статутарна легитимност“- рекол Корбин, објаснувајќи дека нема намера „да ги предаде партиските членови што гласале за него“.

Лабуристичките пратеници во Долниот дом на Парламентот поведоа иницијатива за изгласување недоверба на нивниот лидер Корбин. На гласањето 173 пратеници се изјасниле за, а 40 биле против.

Критичарите на Корбин инсистираат дека тој повеќе не може да ја води партијата, затоа што својата идеолошка определба ја ставил пред интересите на Велика Британија.