Мишел: Британските фирми да се преселат во Белгија

29.06.2016 11:34

Тој смета дека според анкетите, секоја петта британска компанија сака да се премести на друго место, по резултатите од референдумот за напуштање на ЕУ.

Британија заминува од ЕУ, а одделни земји членки веќе лобираат компаниите да го префрлат работењето кај нив. Премиерот на Белгија, Шарл Мишел повика, британски компании што сакаат да тргуваат во Европската унија, да се преместат во неговата држава.

Тој смета дека според анкетите, секоја петта британска компанија сака да се премести на друго место, по резултатите од референдумот за напуштање на ЕУ.

„Белгија е пријателски настроена кон бизнисот. Има многу можности за инвестиции во Белгија. Ние сме срцето на Европа“- нагласил Мишел.