Нема настрадани македонски државјани во Истанбул

29.06.2016 12:51

МНР изрази длабоко сочувство за семејствата на сите погинати и повредени во нападите.

Засега нема информации ниту за повредени  ниту пак за загинати македонски државјани во терористичкиот напад во Истанбул, соопшти Министерството за надворешни работи.

МНР изрази длабоко сочувство за семејствата на сите погинати и повредени во нападите.

Авионот што синоќа полета од Скопје за Истанбул бил пренасочен и слетал во Измир. Денешниот лет од Истанбул се реализира со задоцнување од час и 40 минути.