Состанок на ЕУ лидерите без Британија

29.06.2016 12:55

Белгискиот премиер Шарл Мишел со оцена дека европските лидери на денешниот самит мора да расправаат „што по Брегзитот“, бидејќи европските граѓани се сѐ поразочарани од проектот ЕУ.

Денешното продолжение на Самит на ЕУ, на кое ќе се разговара за последиците од Брегзитот, ќе се одржи  без присуство на британскиот премиер Дејвид Камерон, а високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини ќе ја претстави новата глобална стратегија за безбедност и надворешна политика.

Белгискиот премиер Шарл Мишел со оцена дека европските лидери на денешниот самит мора да расправаат „што по Брегзитот“, бидејќи европските граѓани се сѐ поразочарани од проектот ЕУ.

Неговиот холандски колега Марк Руте, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, исто така смета дека евроскептицизмот е прилично висок и тоа не само во Велика Британија.