Нова детска градинка во населбата Пинтија

29.06.2016 13:05

Министерството за труд и социјална политика излезе во пресрет на барањата на жителите на општината, поради зголемениот број деца од предшколска возраст.

Отоворена нова детска градинка во населбата Пинтија во Кисела Вода. Министерството за труд и социјална политика излезе во пресрет на барањата на жителите на општината, поради зголемениот број деца од предшколска возраст.

За оваа година ова е шеста градинка што ја отвораме заедно со единиците за локална самоуправа. Како Министерство за труд и социјална политика ние учествуваме најчесто со опремување на градинките. Планирано е до крајот на годината вкупно да се отворат околу дванаесетина градинки, истакна министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Додаде дека изминатите години се отворени 49 детски градинки со што, како што рече, е зголемен за повеќе пати капацитетот за згрижување деца од градинка.

Градоначалничката на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец Алексиќ информира дека капацитетот на објектот е да згрижи од 80 до 100 дечиња. Има три заминални, едни јасли и како што рече сите придружни простории согласно нормативите што ги налага МТСП.

Оваа градинка, рече Беличанец Алексиќ, е прва во населбата Пинтија и е дел од она што локалната самоуправа треба да го прави, а тоа е да ги урбанизира сите населени места кои со текот на времето биле запоставени.