Финансиска полиција: За тендерите во Струмица обезбедена судска наредба
Финансиската полиција за одземањето на оригиналната документација од повеќе тендери спроведени во рамките на Општина Струмица, има обезбедено соодветна наредба од надлежниот суд согласно со Законот за кривична постапка, што значи дека не се точни иформациите во дел од медиумите дека се одзема оригинална документација без судски налог.

Управата за финансиска полиција почна со обезбедување на целокупната документација за јавните набавки во Општина Струмица, за кои во јавноста веќе неколку дена се зборува дека се сомнителни и за кои постојат основани сомневања дека се резултат на извршени кривични дела, соопшти денеска Управата.
Финансиската полиција за одземањето на оригиналната документација од повеќе тендери спроведени во рамките на Општина Струмица, има обезбедено соодветна наредба од надлежниот суд согласно со Законот за кривична постапка, што значи дека не се точни иформациите во дел од медиумите дека се одзема оригинална документација без судски налог.
Предмет на предистражната постапка се и повеќе правни субјекти кои имаат добиено тендери и имаат склучени договори со Општина Струмица, за да се утврди нивната евентуална инволвираност во местење на тендери и испумпување на буџетските пари на општината.
