Втор работен состанок на работната група во ДИК
29.06.2016 14:05
За 71.000 гласачи минатата недела претседателот на ДИК, Александар Чичаковски рече дека нема никаква евиденција.

Во Државната изборна комисија денеска ќе се одржи вториот состанок на работната група составена од членовите на ДИК, на партиите и невладиниот сектор околу прочистувањето на избирачкиот список.
За 71.000 гласачи минатата недела претседателот на ДИК, Александар Чичаковски рече дека нема никаква евиденција.
Работната група би требала да донесе заклучок како би се евидентирале овие гласачи за кои според Чичаковски, во вкрстените проверки за нив не се пронајдени никакви податоци во ниту една база на податоци.
