Димитриев: Со ребалансот на буџетот повеќе пари за ФЗОМ
Со новиот ребаланс на државната каса, повеќе пари за Фондот. Зголемен е интересот и за ин витро оплодувањето. Одобрена е реализацијата на три случаи.

Премиерот Емил Димитриев на работен состанок со директорите на Фондот за здравствено осигурување. Со новиот ребаланс на државната каса, повеќе пари за Фондот. Зголемен е интересот и за ин витро оплодувањето. Одобрена е реализацијата на три случаи.
„ФЗОМ е меѓу ретките институции кои со постојниот ребаланс на Буџетот добиваат поголеми финансиски средства. Тоа го потврдува нашиот однос кон здравството и овој сегмент од функционирањето на државата како нешто што е приоритетно“, изјави Димитриев по посетата.
„Исклучително е значајно што со ребалансот ќе добиеме дополнителна финансиска инјекција во Буџетот на ФЗОМ. Тоа ќе обезбеди финансиска стабилност на секторот, осигурување на социјалните трансфери и навремена исплата на породилните боледувања и останатите боледувања, а ќе значи и дополнително давање права на нашите граѓани, како и имплементирање на нови методи и услуги во здравствените установи“, изјави директорот на Фондот, Сашо Стефаноски.
На средбата станало збор и за зголемувањето на капитацијата за матичните доктори од 1 јули за 10 отсто.
