Нови 12 дела од македонски автори достапни на странските читатели

29.06.2016 14:44

Објавени се 12 нови преводи на дела од македонската книжевност што ќе им бидат достапни на странските читатели. Во последниве 3 години се преведени 90 книги на 53 македонски автори...

Нови 12 дела на македонски автори ќе им бидат достапни на странските читатели. Објавени се делата, избрани на последниот конкурс за финасирање преводи на македонската книжевност кои ќе издадат странски куќи.Според авторите ова е можност за првпат да се презентираат надвор од државата.

На 21 светски јазик се преведени македонските дела. 3 милијарди граѓани кои ги користат овие јазици ќе дознаат повеќе за македонската книжевност и авторите.  Национална стратегија за развој накултура 2013 – 2017 година има цел да ја промовира македонската култура во светот, рече министерката Канческа - Милевска.

Со оваа мерка во изминативе три години преведени се 90 книги  на 53 македонски автори.

 

Наташа Јанчиќ