Груевски во Брисел: Неопходно е елимирање на ризиците на државата

29.06.2016 15:55

Во текот на денешниов ден претседателот на ВМРО- ДПМНЕ оставри средби и со европратенците Дејвид Мекалистер, Пол Рубиг, Анџелика Ниблер и известувачот за Република Македонија во ЕП, Иво Вајгел кој за МРТ изјави дека многу е значајно да продолжи дијалогот меѓу претставниците на ЕП и македонските политичари...

Отстранување на внатрешните и надворешните ризици кон Република Македонија и задрзување на евроатланскиот курс на државата беа темите во фокусот на денешните средби на претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски со еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, во Брисел.

„Констатација е дека на сите им одговара, како на нас во Македонија, така и на нив овде во Европската унија и кај земјите-членки, да имаме елиминирање на сите надворешни и внатрешни ризици. Надворешни во смисла на бегалската криза и проблемите што од неа може да дојдат, а внатрешни во смисла на вештачките кризи што ни се наметнуваат. Констатација е дека треба да се продолжи заеднички да се работи во тој правец, но дека е потребно и сите други страни внатре во земјата кај нас да се потрудат да помогнат во тој правец, а не само ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Груевски по средбата со Хан.

Во текот на денешниов ден претседателот на ВМРО- ДПМНЕ оставри средби и со европратенците Дејвид Мекалистер, Пол Рубиг, Анџелика Ниблер и известувачот за Република Македонија во ЕП, Иво Вајгел кој за МРТ изјави дека многу е значајно да продолжи дијалогот меѓу претставниците на ЕП и македонските политичари со цел да се убедат европските претставници дека Македонија посветено работи на евроинтегративниот процес. Вајгел порача дека судбината на државата е во рацете на македонските политичари.

Во таа насока ја ценам иницијативата на господинот Груевски да дојде тука заедно со своите соработници. Мислам дека двете страни треба да бидат посветени на изборите. Изборите се главаната цел. Македонските политичари треба да ја земат судбината на својата земја во свои раце, а не да се потпираат на медијаторите однадвор, одговорноста е на македонските политичари“, рече Вајгл.

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Никола Груевски дводневната работна посета во Брисел ја завршува со средба со претседателот на најголемата политичка опција во моментов во Европа, Жозеф Дол.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ