Инфраструктура за поголема туристичката соработка меѓу Македонија и Бугарија

29.06.2016 15:29

Нов автопат до бугарската порестолнина кој би ја скратил дестинацијата на час и половина ќе ја продлабочи соработката меѓу Македонија и Софија и ќе ја зголеми размената на туристи. Туристичко- угостителската комора смета дека малку е потребно за развивање на оваа гранка меѓу двете соседни земји...

Изградба на автопат Скопје – Софија, побрз проток на туристи на граничните премини и изградба на нови туристички центри е она што е потребно за продлабочување на туристичката соработка меѓу Македонија и Бугарија, велат од Туристичко угостителската комора. Од Скопје до Софија се стигнува за најмалку четири часа. Со изградбата на автопатот дестинацијата би се скратила на 1,5 час.

Охрид и натаму останува број еден дестинација за бугарските гости. Заедничкиот настап на европските и за светските пазари овозможува поатрактивна понуда, вели бугарскиот амбасадор Петков.

Планираниот заеднички проект, двете земји би го продавале како Балканска рута со престој од по три до четири дена во Македонија и во Бугарија, не е исклучено во рутата да се вклучи и трета соседна држава.

Според Државниот завод за статистика лани Македонија ја посетиле повеќе од 50.000 бугарски туристи, а повеќе од 400.000 македонци се упатиле во бугарските туристички места.

 

Дијана Ценевска