Скопје ќе ја слави Кинеската Нова година

29.01.2014 13:07

Денеска во Кина и во други земји од Југоисточна Азија ќе се слави Кинеската Нова година...

Денеска во Кина и во други земји од Југоисточна Азија ќе се слави Кинеската Нова година. Позната  е и како Лунарна Нова година поради тоа што се раководи според кинескиот месечев календар. И Скопје ќе ја пречека Кинеската Нова година. Кинескиот институт „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Скопје организира програма за одбележување на овој празник. Програмата се состои од таичи чуан настап,  изведби од пригодни кинески песни, поезија и обичаи.
 
Кинеската Нова година секогаш е на различен датум. Обично паѓа меѓу 21 јануари и 21 февруари според грегоријанскиот календар, односно на првата млада месечина од првиот месечев месец, или околу четири до осум недели пред пролетта. Традиционално оваа прослава, која е една од најважните во Кина, се одбележува со славење на едно од дванаесетте животни  кои се основа на кинеската астрологија. Оваа година е  на древниот коњ и треба да донесе брзина, успех и просперитет.
 
Моника Јовановска