Кери: Одлуката на британските гласачи може никогаш да не се оствари

29.06.2016 14:51

Британскиот премиер во заминување е неподговен да преговара за Брегзитот, тoj не го посакува тoa и нема волја што поскоро да го активира „членот 50“...

Државниот секретар на САД, Џон Кери смета дека одлуката на британските гласачи нивната земја да ја напушти ЕУ, може и никогаш да не се оствари.

Британскиот премиер во заминување е неподговен да преговара за Брегзитот, тoj не го посакува тoa и нема волја што поскоро да го активира „членот 50“ од Лисабонскиот договор, додаде Кери.