„Ослободување на Скопје“ премиерно на отворањето на „Браќа Манаки“

29.06.2016 16:06

на Скопје“ за задоволство на битолчани. Филмот на Раде Шербеџија ќе го отвори годинашниот фестивал „Браќа Манаки“. Според директорката на Аагенцијата за филм, со ова се потврдуваат заложбите за поддршка на филмската дејност во земјава. Фестивалот ќе се одржи од 10 до 17 септември...

„Ослободување на Скопје“ во режија на Раде Шербеџија ќе го отвори 37 интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Филмот е Македонско–хрватско– инска копродукција и е поддржан од Европскиот филмски фонд за копродукции „Еуроимаж“. „Ослободување на Скопје“ е екранизација на познатиот драмски текст на Душан Јовановиќ кој заедно со Раде Шербеџија се негови сценаристи. Филмот се снимал на локации во Велес, Битола и Скопје.

Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на Македонија, од Хрватскиот аудиовизуелен центар, од филмскиот фонд на Финска и од нивната национална телевизија. Според директорката на Агенцијата за филм, отворањето на фестивалот со македонски филм говори за она што го творат и создаваат македонските филмски работници и за заложбите на Агенцијата за континуирана поддршка на филмската дејност во Македонија.

Вториот добитник на наградата за животно дело „Златна камера 300“ за 2016 година на фестивалот „Браќа Манаки“ е австралискиот и светски кинематографер Џон Сил.

„Почувствувај ја светлината, почувствувај ја Битола“ е слоганот на 37-то издание на интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“, кој годинава се одржува од 10 до 17 септември во Битола.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска