На над 40 илјади спорни гласачи јавно ќе им бидат објавени имињата
ДИК и политичките партии договорија Комисијата да подготви нешто по изменета методологија за прочистување на избирачкиот список. На нешто над 40 илјади граѓани, јавно ќе им бидат објавени имињата за да се пријават и да не го изгубат правото на глас...

На 40.788 спорни гласачи јавно ќе им бидат објавени имињата за тие да можат да се пријават и да останат во избирачкиот список. По час и половина разговори на ДИК со политичките партии постигнат е договор Комисијата да подготви изменета методологија за прочистување на избирачкиот список за спорните гласачи. Вупно 172.777 гласачи опозицијата смета дека треба да се дел од посебниот список.
„Не го губат правото на глас, туку едноставно индикациите се дека овие граѓани се иселени од Македонија, но тоа го немаат регулирано со соодветна документација“, изајви Дамјан Манчевски од СДСМ.
Не се спомена никакво бришење од избирачкиот список, нагласи Артан Груби од ДУИ.
„Мора да биде јасно дека 172 илјади гласачи не се спорни, туку се спори од страна на опозицијата гласачкото право на само 40 илјади гласачи, што значи дека верификација на гласачко право се прави на само овие гласачи“, вели Груби.
Останува на ДИК да подготви методологија за испитување на спорните гласачи, по што ќе ги извести партиите. Не се исклучува можноста ако така ДИК оцени, измени да претрпи и избирниот законик.
Миле Ристески
