Ново рочиште за „Диво насеље“

30.06.2016 09:49

Судењето неофицијално почнува по трет пат од почеток, откако пред една седмица беше екстрадиран Сулејман Сулејмани од Косово...

Во Кривичниот суд во Скопје, ново рочиште за терористичката акција во Куманово. Седницата е затворена поради сведочењето на заштитените сведоци.

Судењето неофицијално почнува по трет пат од почеток, откако пред една седмица беше екстрадиран Сулејман Сулејмани од Косово.

Тој, како и неговиот син, е обвинет за помагање на 37-члената група обвинета за тероризам.

При справувањето со терористите, во Куманово загинаа 8 припадници на МВР.