Од 1 јули Словачка ќе претседава со ЕУ

30.06.2016 10:20

Меѓу поважните прашања со кои ќе се занимава официјална Братислава се последиците од референдумот на Брегзит врз политичката и економската сцена, најголемата бегалска криза по Втората светска војна и глобалната борба против тероризмот.

Од 1-ви јули Словачка станува претседавач на Европската Унија. Челната позиција ја презема во деликатни времиња поради бројните предизвици со кои се соочува европското семејство.

Меѓу поважните прашања со кои ќе се занимава официјална Братислава се последиците од референдумот на Брегзит врз политичката и економската сцена, најголемата бегалска криза по Втората светска војна и глобалната борба против тероризмот.

Словачка стана членка на ЕУ во 2004-та.