Институциите на системот не погрешиле за Мицајков?!
Судијата за извршување санкции на 2-ри јануари годинава...

Судијата за извршување санкции на 2-ри јануари годинава со решение му овозможил прекин на одржувањето на затворската казна на поранешниот директор на Тутунски комбинат Прилеп, Тони Мицајков до 2-ри април годинава, со налог секои 30 дена да се јавува и да приложува соодветна медицинска документација.
Периодот од 1-ви октомври до 1-ви јануари во кој претходно му била прекината затворската казна на поранешниот директор на Тутунски комбинат Прилеп судот го оправдува со информацијата дека Мицајков повеќе пати упатувал барања до Кривичниот судски совет.
Мицајков не се лекувал во затворското одделение, туку бил на домашно лекување. Тој сеуште не е лоциран, а по него е распишана потерница.
Осуден е во 2010 на петгодишна затворска казна за злоупотреба на службената положба во време на директорувањето во Тутункиот комбинат во Прилеп.
