Египетскиот авион се урнал поради дефект предизвикан од висока температура и чад
30.06.2016 11:18
Овие наоди се во согласност со информациите кои ги регистрирал автоматскиот систем за снимање на податоците.

Податоците од едната црна кутија на египетскиот авион кој се урна во Средоземјето покажаа дека се активирал алармот за чад.
Овие наоди се во согласност со информациите кои ги регистрирал автоматскиот систем за снимање на податоците.
На 19 мај „ЕРБАС А320“ кој летал на релација Париз-Каиро паднал во Медитеранот од засега непознати причини. Загинале сите 66 патници и членови на екипажот.
