Путин го продолжи ембаргото за храна од западот

30.06.2016 11:41

Забраната за Европска Унија, САД, Канада, Австралија и Норвешка, воведена пред две години, беше одговор на западните санкции против Москва...

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша указот за продолжување на ембаргото на прехранбени производи од Запад до крајот на 2017 година.

Забраната за Европска Унија, САД, Канада, Австралија и Норвешка, воведена пред две години, беше одговор на западните санкции против Москва поради улогата во украинската криза.