Објавена фотографија од еден од терористите кои го извршија нападот во Истанбул

30.06.2016 12:19

Турските безбедосни сили извршиле претрес на две куќи во кои нашле шифрирани документи поврзани со екстремистичка организација, како и различни дигитални материјали.

Објавена е првата фотографија од еден од терористите во нападот на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул. Турските безбедосни сили извршиле претрес на две куќи во кои нашле шифрирани документи поврзани со екстремистичка организација, како и различни дигитални материјали.

Директорот на ЦИА, Џон Бренан претходно предупреди дека Исламска држава сигурно подготвува напади и на американска територија. Поради заканата од нови напади, САД го зголемија обезбедувањето и на нивните аеродроми.

Во масакрот на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул загинаа 41 лице, а беа повредени 240.