Од Велес заплови 18-тата Вардарска регата „Гемиџии“
Крајната дестинација е Гевгелија каде што градоначалниците Чадиев и Франгов ќе го означат завршувањето на оваа традиционална манифестација.

Со фрлање венец од цвеќиња, кој ја симболизира младоста на велешките гемиџии од 1903-тата, денеска по водите на Вардар запловија сплавови и чамци што ја сочинуваат 18-тата Вардарска регата.
Крајната дестинација е Гевгелија каде што градоначалниците Чадиев и Франгов ќе го означат завршувањето на оваа традиционална манифестација.
Годинава регатата е меѓународна со околу 120-тина учесници кои запловија со десет гумени чамци и дрвената гемија. Таа е изработена по примерот и реплика на гемиите со кои велешките трговци во 19 и почетокот на 20 век носеле разна стока по Вардар за Солун.
Меѓу учесниците има членови на извидничкиот одред „Димитар Влахов“, припадници на АРМ и на Воената полиција, МВР, Црвениот крст и други, како и гости од Шабац од Србија и од Црна Гора. И годинава има логистичка поддршка од копно од припадниците на АРМ.
