ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ во преден план се партиските интереси
Социјалдемократите најотворено ги ставија партиските интереси пред интересите на граѓаните, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, за неучеството на СДСМ во работата на Собранието.

Нови препукувања на релација ВМРО-ДПМНЕ - СДСМ. Социјалдемократите најотворено ги ставија партиските интереси пред интересите на граѓаните, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, за неучеството на СДСМ во работата на Собранието.
Ова веќе прераснува во традиција, за жал негативна. Целата македонска јавност беше сведок и знае дека пратениците од СДСМ во период од година и половина, кога не доаѓаа на работа, а земаа плата од џебот на граѓаните, пропуштија вкупно 10 седници, на кои ќе имаа можност да постават над 300 пратенички прашања од интерес и во полза на граѓаните, односно да решат над 300 проблеми на граѓаните, рече Димовски.
СДСМ: Собранието нема контрола над извршната власт
Собранието одамна престана да ја остварува својата уставна надлежност за контрола на извршната власт, изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Сугарески. Потсети дека не учествуваат во работата на Собранието, бидејќи очекуваат Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство.
Сугарески потенцира дека останува барањето на СДСМ за брзи регуларни избори. За одржување предвремени парламентарни избори, прифатлив термин е ноември, изјави Сугарески.
