Поразителна статистика: Расте смртноста од карцином на грло на матка

30.06.2016 14:37

Рак на грлото на матката ги убива македонските жени. Статистиката е поразителна, покажува дека четирипати повеќе смртност бележи земјава од оваа болест во споредба со земјите од Унијата. Од невладините организации со апел- со програмата за скрининг да бидат опфатени повеќе жени и да се обезбедат пари за специјализација на гинеколози...

Четири пати повеќе жени умираат од карцином на грло на матка во Македонија во споредба со ЕУ, покажува статистиката. Искуството покажува, ако навреме се направи скрининг и се открие болеста, 90 % од пацинетките би се излекувале. Граѓанските здруженија, бараат поголем опфат на женската популација во програмата  дијагностика на рак на грлото на матката.

За проширување на скрининг програмата се потребни повеќе гинеколози. Во 45 општини нема гинеколог, додека во 20 нивниот број е недоволен, алармираат невладините. Според надлежните на 3.000 жени треба да има еден гинеколог. Во Македонија има 138 гинеколози кои имаат договор со фондот за здравствено осигурување. Анкетата на граѓанските здруженија покажува дека речиси сите гинеколози наплаќаат за прегледи кои треба да се бесплатни. 

Граѓанските организации предлагаат мерки во насока на унапредување на репродуктивното здравје на жените и намалување на стапката на смртност од карцином на грло на матка и од преостанатите заболувања на репродуктивните органи.

Во изминатата година 4,7 милиони денари потрошени се лекување на рак на грлото на матка.

 

Наташа Јанчиќ