Иванов: Крајно време е светот да се обедини во одбрана на споделените вредности
Вчера шефот на државата упати писмо со сочувство до турскиот претседател Ердоган, во коe најостро го осуди терористичкиот напад во Истанбул.
Претседателот Иванов во Турската амбасада во Скопје се потпиша во книгата на жалост, отворена по терористичкиот напад на меѓународниот аеродром во Истанбул.
Во овие тешки моменти Република Македонија е солидарна со Република Турција и ве охрабрува решително да се соочите со заканата од тероризмот во заштита на слободата, безбедноста и вредностите на вашите граѓани и поредокот на вашата држава. Крајно време е светот да се обедини во одбрана на споделените вредности, напиша претседателот Иванов во книгата на жалост.
Вчера шефот на државата упати писмо со сочувство до турскиот претседател Ердоган, во коe најостро го осуди терористичкиот напад во Истанбул.
