Нов далекувод Тетово- Скопје

30.06.2016 15:08

Со него се обезбедува стабилно снабдување со електрична енергија на тетовскиот и на скопскиот регион, најголеми консументи во земјава.

Проработе 110 киловолтниот далекувод што ги поврзува трафостаниците меѓу Скопје и Тетово. Со него се обезбедува стабилно снабдување со електрична енергија на тетовскиот и на скопскиот регион, најголеми консументи во земјава.

Оваа инвестиција на МЕПСО чини повеќе од 3,5 милиони евра. Проектот е финансиран од сопствени средства на МЕПСО и со кредитна линија од Светска банка.