Тодоров и Попоски, нови заменици претседатели на Владата
30.06.2016 15:26
Никола Тодоров и Никола Попоски се именувани и за заменици претседатели на Владата на Република Македонија...
Министрите за здравство и за надворешни работи Никола Тодоров и Никола Попоски се именувани и за заменици претседатели на Владата на Република Македонија.
Ова е објавено на веб-страницата на Владата на Република Македонија.
Сега македонската Влада има петмина вицепремиери и тоа Тодоров и Поповски, вицепремиерот Владимир Пешевски задолжен за економски прашања, Фестим Халили, вицепремиер за Рамковен договор и Арбр Адеми, вицепремиер за европски прашања.
