Продолжува соработката меѓу Македонија и Италија

30.06.2016 15:30

Потпишувањето на овој значаен билатерален документ е уште една потврда дека Република Македонија и Република Италија негуваат одлични односи и исклучителна соработка во областа на културата, науката и образованието...

Добрите односи меѓу Италија и Македонија ќе се продлабочуваат со потпишување на четвртата Програма за соработка меѓу двете земји во областа на културата, образованието и нанауката до 2019 година. Според амбасадорот Белели, ова е резултат на плодна и на успешна комуникација.

Културните случувања кои низ годините се реализираа во Македонија и во Италија ги продлабочија и унапредија културните врски меѓу земјите и станаа инспиративен пример за успешна и плодна меѓународна соработка, нагласи министерката за култура.

Амбасадорот посочи дека последниот проект кој ќе се реализира откако ќе замине од земјава, е каталог посветен на италијанската колекција на дела донирани на Музејот на современата уметност после земјотресот.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска